Правилото од седум секунди кое треба да го применувате со вашите миленици на високи температури

popara24 јуни, 20241min00
1718885338-pexels-pixabay-37860-750x475

Ако сте решиле да го шетате вашето куче за време на високи температури, прво погрижете се да е безбедно, бидејќи неговите шепи лесно можат да изгорат на жешкиот асфалт.

Иако е важно кучињата да одат и да бидат активни, топлината сепак може да биде штетна.

Кога е премногу топло за да го шетате кучето? Експертите препорачуваат користење на таканаречениот тест од седум секунди пред да излезете надвор со вашето домашно милениче, пренесува City Magazine.

Ставете ја дланката на асфалтот и држете ја седум секунди. Ако не можете да издржите и мора да ја извадите дланката пред да поминат седумте секунди, тогаш јасно е дека е премногу жешко за вашето куче да оди по него.

Знаци дека шепите на вашето куче се изгорени:

– Кучето куца или одбива да оди

– Кучето ги лиже или „џвака“ шепите

– Перничињата се со потемна боја отколку што биле

– Недостига дел од јастучето на шепата

– Траги од изгореници на шепите

– Плускавци или црвенило

Ако забележите некој од овие знаци, вашето куче треба да се однесе на ветеринар.

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma -

loodgieter den haag