Прва изјава на Џенифер Лопез откако ја откажа турнејата: “Не дозволувајте гласовите на неколкумина да ви влијаат…”

popara7 јуни, 20241min00
ecf15ecaa26012846083fe91cdb1f8e370a109b6

Џенифер Лопез го прекина молкот по серијата шпекулации за нејзиниот наводен развод со Бен Афлек, како и откажувањето на нејзината летна турнеја.

Најпрво Џенифер ги пофали своите обожаватели што се уште се со неа и истакна дека нејзиниот нов филм моментално е еден од најгледаните во светот.

– Можеби изгледа како да има многу негативност во светот во моментов… но не дозволувајте гласовите на неколкумина да влијаат да заборавите дека има и многу љубов – рекла Џенифер, пренесува Мирор.Нејзината турнеја „Ова сум јас… сега“, требаше да започне на 26 јуни во Орландо, Америка, но пејачката ја откажа.

Оттогаш беше објавено дека нејзиниот сопруг Бен се иселил од нивниот дом во Лос Анџелес пред неколку недели, а извори исто така тврдат дека парот веќе некое време живее одделен живот.

Гласините продолжија да се вртат откако парот не беше виден заедно со месеци. Тие повторно се собраа за да го гледаат синот на Бен во училишната претстава во мај. TMZ објави дека парот пристигнал одвоено, но остануваат шпекулации. Парот се уште не зборувал за шпекулациите за нивната врска.

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma