Секој медал на годинешните Олимписки игри беше излеан од парче железо од Ајфеловата кула во Париз.
Интересни новости имаат и Летните олимписки игри кои се одржаа во Париз .
Еден од нив е дека секој медал е излеан од парчиња железо од Ајфеловата кула , кои биле зачувани по реновирањето.
Железниот шестоаголник во центарот на секој медал е дел од Париз што сите лауреати ќе го понесат со себе.
Инаку, интересно е што под Ајфеловата кула годинава ќе се игра одбојка на плажа.
Друга интересна новина на годинешните Олимписки игри е тоа што ќе гледаме некои спортови на необични места.
Така, натпреварите во мечување и теквондо ќе се одржат во Версајската палата, домот на Луј XIV, позната историска атракција во Париз.
Реката Сена ќе биде домаќин на пливачкиот маратон и пливачкиот дел од триатлонот на Олимписките игри оваа година, исто како во 1900 година.
Оваа носталгична одлука беше проследена со многу контроверзии, бидејќи до неодамна пливањето во Сена беше забрането поради лошиот квалитет на водата. Меѓутоа, организаторите тврдат дека водата сега е доволно чиста и дека не е опасна за луѓето.