Шер откри дека ќе објави мемоари во два дела, што ги изненади нејзините фанови.
На својот Инстаграм профил, познатата пејачка и актерка ја објави насловната страница на првата книга.
– По повеќе од 70 години борба да го живеам животот по мои правила, конечно во интимни детали ја откривам вистинската приказна – изјави неодамна светската ѕвезда.
Првиот дел од мемоарите ќе биде објавен на 19 ноември, а книгата ќе има дури 480 страници.
Продолжението се очекува во текот на 2025 година.
View this post on Instagram
Добитничката на Еми, Греми и Оскар пред неколку месеци најави дека ова дело ќе биде големо.
– Живеев предолго и направив премногу, па моите мемоари мора да бидат како енциклопедија – се пошегува Шер.