Препознајте дали сте во врска со манипулатор: Овие работи можат да ги издадат

popara12 ноември, 20241min00
Screenshot_13

Токсичните луѓе не треба да ви бидат пријатели, а уште помалку пак љубовни партнери.

 

 

 

 

Луѓето кои ве манипулираат не може да ги препознаете веднаш бидејќи тие се преправаат, глумат, но има неколку начини како да препознаете дека си имате работа со манипулатор.

 

Овие луѓе имаат за цел да се играат со вашите емоции, да ви направат да мислите дека сте виновни, ве лажат дека прават сè за ваше добро додека да извлечат корист од вас.

 

Кои се знаците?

 

Се чувствувате виновно кога сте со пријателите

 

Манипулаторите сакаат да ги контролираат своите партнери и да ги оддалечат од пријателите, а кога поминувате време со другите луѓе тие сакаат да се чувствувате виновни. Тие се лутат кога излегувате со вашите пријатели и коментираат негативни работи за нив и ќе направат да поверувате дека вашите пријатели ви мислат лошо.

 

Емоционални уцени

 

Ова е еден од најлошите видови на манипулација. Тој глуми дека е нежен, дека ве сака, а всушност целта му е да ве задржи засекогаш. Најчесто ги користат фразите „ти да ме сакаше ќе го направеше тоа“ или „ако си заминеш, ќе умрам“ итн.

 

Ве контролира

 

Ако партнерот ве контролира со кого се дружите, со кого се допишувате, каде одите, а ве уверува дека не треба да криете ништо еден од друг – вие сте во врска со манипулатор.

 

Бесчувствителни и студени

 

Тие не комуницираат за да ги избегнат важните прашања. Не сакаат да признаат дека имаат некаков проблем, па затоа со нив ќе ви биде тешко да останете во врска. Порани нив ќе се чувствувате огорчено и виновно.

 

Критичар

 

Дали сте биле во врска во која некој постојано ве критикува и осудува без оглед на тоа што правите? Критикувањето е различно од давањето совет и важно е да го знаете тоа. Критичарот предизвикува нелагодност во врската. Често ве навредува поради неговата ниска самодоверба и потребата за контрола.

 

Кога сте во врска со таков човек се плашите од крајот затоа што не знаете што ве очекува. Меѓутоа, научниците ве советуваат дека најдобро е да не дозволите на ваква личност да ве контролира. Побарајте совет од пријателите, блиските луѓе или стручна помош.

 

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma -

loodgieter den haag