Претставниците на раперот Канје Вест (46) обвинија дека маж физички и сексуално ја нападнал неговата сопруга Бјанка Ценсори (49) во инцидент во Лос Анџелес.
Извори претходно изјавија за „Ти-ем-зи“ дека Вест е под истрага како осомничен за физички напад претходно оваа недела, откако раперот наводно удрил човек кој ја нападнал Ценсори.
„’Зграби’ е крајно неадекватен опис на она што се случило. Бјанка била физички нападната. Напаѓачот не само што се судрил со неа, туку тој ѝ ги ставил рацете под нејзиниот фустан, директно на нејзиното тело, ја фатил за половината, ја завртел околу, а потоа ѝ испраќал бакнежи. Таа беше физички и сексуално малтретирана“, се вели во соопштението на пи-ар тимот на раперот.
Полицијата во Лос Анџелес и претходно го истражуваше Вест. Во 2022 година, раперот беше под истрага за злоупотреба на лице за кое тврдеше дека го исмева.
„Тој го имаше ставот: ‘Што ќе правиш?’. Само ти кажувам дека таа сина маска против коронавирус нема да го спречи овој нокаут“, рече Вест, кој не беше уапсен или обвинет за инцидентот.