Претставничката на Ирска на Евровизија 2024 година, Бамби Реј Робинсон, попозната како Bambie Thug, на својот Инстаграм профил откри дека била хоспитализирана откако јадела школки, само неколку дена пред нејзиниот настап во полуфиналето во вторник, пишува Mirror.
Во објава на својот профил на Инстаграм, пејачката родена во Корк се извини што ја откажала средбата со обожавателите поради нарушено здравје.
View this post on Instagram
– Здраво луѓе, навистина ми е жал, но морам да го откажам моето шоу денес… Морав да одам во болница доцна синоќа и да добијам инфузија бидејќи јадев лоши школки. Ми треба еден ден да се опоравам за да можам да го дадам максимумот следната недела.
Ирска и Шведска имаат најмногу победи во историјата на Евровизија со по седум. Ирска нема победа од 1996 година и не стигнала до финалето во последните четири години. Ќе видиме дали нивниот претставник ќе го направи тоа во вторник.