Адел донесе малку гламур и убавина на натпреварот во НБА во саботата вечерта, во придружба на нејзиниот сопруг.Добитничката на Греми седна на трибините со својот сопруг Рич Пол, во прилично едноставна облека и природен изглед, и навистина остави впечаток.
Имено, на натпреварот помеѓу Лејкерс и Денвер Нагетс во Лос Анџелес, Адел се појави во црн костум под кој носеше бела памучна маичка и бели шорцеви.
Нејзин заштитен знак беа долгите бели нокти совршено обликувани, како и бушавата руса коса во природни бранови, кои оставија нежен и природен впечаток кај сите.
Пол изгледаше прилично нежно во тексас јакна со црна маица, црни кожени панталони и чизми.
Пејачката изгледаше многу свежо и добро, со оглед на тоа што неодамна и беше дијагностицирана ретка болест која ги зафаќа гласните жици.Адел изјави за Dailymail дека болеста го направила своето и влијаела на нејзиниот глас, па лекарите и наредиле добро да се одмори пред повторно да излезе на сцената.