Кралскиот експерт Том Квин зборуваше за „Мирор сандеј“ за животот на принцот Хари и Меган Маркл. Тој тврди дека Хари бара постојан дом во Велика Британија каде што ќе можат да го посетуваат неговите пријатели кои не се согласуваат со неговата сопруга.
Квин вели дека на војводата од Сасекс му недостасува животот во Британија, откако во 2020 година се повлече од кралските должности и сега живее во САД со своето семејство.
„Неизбежно завршува периодот на меден месец каде во САД сè е ново и возбудливо, а Хари гледа во минатото низ розови очила“, тврдел експертот за британските медиуми.
Тој објасни дека на Хари му недостигаат пријателите од колеџот и војската и дека не го посетиле во Калифорнија затоа што „не се разбираат со Меган“.
„Хари е решен да го најде својот постојан дом во Обединетото Кралство, што делумно е причината зошто тој продолжува со правните активности за да го принуди британскиот даночен обврзник да плати за неговата безбедност“, додал тој.
Хари и Меган немаат дом во Велика Британија откако неговиот татко, кралот Чарлс III ги исфрли од Фрогмор Котиџ на почетокот на минатата година. Процесот, наводно, започнал во јануари 2023 година, набргу откако Хари ги објавил своите мемоари „Резерва“, во кои се изнесени драматични тврдења за кралското семејство. Во јуни беше објавено дека тие официјално се иселиле од колибата лоцирана на имотот Виндзор.
Сега Хари и Меган живеат со нивните две деца, принцот Арчи (5) и принцезата Лилибет (3), во раскошен дом од 14 милиони долари во Монтесито, Калифорнија. Странските медиуми јавуваат дека куќата има девет спални соби и 16 бањи. Капацитетите вклучуваат базен, тениско игралиште и куќа за гости со две соби.