Принцот Хари и Меган Маркл повторно се забележани заедно, овој пат преку видео обраќање. Неколку недели веќе се пишува за нивната наводна разделба, но парот стави крај на гласините со заедничкото појавување, што воедно е и нивно прво појавување заедно по три месеци.
Принцот Хари, поранешен член на британското кралско семејство, и Меган ги ускладија своите модни комбинации за видеото по повод Светската министерска конференција за борба против насилството врз децата.
Во својот говор тие го истакнаа проблемот со онлајн насилството. И двајцата носеа значки со мотив од афион во чест на војниците загинати во Првата светска војна.
Ова е нивно прво појавување заедно по три месеци, откако последен пат се видени заедно во Њујорк.
Инаку, откако Доналд Трамп стана нов американски претседател, многумина сега ги интересира што ќе биде со визата на принцот Хари. Имено, принцот Хари, кој со Меган Маркл се пресели во САД во 2020 година, сега и официјално е жител, што е потврдено со документите доставени во април. Тие наведуваат дека принцот е лице со постојана дозвола за престој во земјата.