Природен мултипрактик: Пет начини на кои можете да искористите КОМПИРИ за да ја исчистите куќата!

popara8 март, 20241min00
Krompir

Сè може да се користи, дури и водата во која сте готвиле компири

Освен што е храна која можете да ја подготвите на сто начини, компирот е многу корисен и за чистење.

Иако на прв поглед не би изгледало така, можете да го искористите буквално секој дел од компирот, па дури и водата во која се варел.

Затоа, следниот пат кога не знаете да исчистите нешто во куќата, користете компири.

Исчистете ја тавата од ‘рѓа (и друг метален прибор)

Компирите содржат киселина која делува на растворање на ‘рѓата, па можете да ги користите и за таа намена. Исечете го компирот на половина, ставете малку сода бикарбона или прашок за пециво и тријте на валканото место.

Потоа исплакнете со вода. Истото можете да го направите со ножеви, ножици, прибор и други „алатки“ за домаќинството.

Чистење на среброто

Дали планирате да варите компири? Зачувајте ја водата во која се вареле. Во неа можете да го ставите вашиот сребрен накит или украси и да го оставите да отстои еден час. После тоа, само исплакнете и исушете со крпа.

Соберете ги остатоците од скршеното стакло

Дали скршивте стакло? Можете лесно да соберете големи делови со вашите раце, но што е со оние парчиња што тешко се гледаат со голо око? Исечете го компирот на половина и притиснете на местата каде што може да има срчи и само ќе се втиснат во компирот.

Чистење на очилата

Ако носите очила, веројатно постојано се борите со таложење на влага на нив, што го влошува гледањето, особено кога носите маска. Се чини дека овој проблем може да се реши со парче компир. Едноставно поминете со исечен компир преку стаклата и избришете ги со марамче.

Помалку дамки

Компирите не можат да го впијат виното што сте го истуриле на тепихот, но доколку со нив тапкате на местото каде што виното е истурено или користите зовриена вода од компири, може да ви помогне со постојаните дамки кои целосно ќе се отстранат.

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma -

loodgieter den haag