Пристигна трејлерот за филмскиот спектакл „Deadpool & Wolverine“ со Рајан Рејнолдс и Хју Џекмен

popara24 април, 20241min00
o_33161137_1280

Студиото Марвел кон крајот на јули го носи долгоочекуваниот спектакл кој ќе ги освои гледачите ширум светот – „Deadpool & Wolverine“. Заедно со Рајан Рејнолдс во ненадминатата улога на Дедпул, овојпат можеме да уживаме и во враќањето на Хју Џекмен како Вулверин. Иако Џекмен тврдеше дека по неговата последна улога како Вулверин/Логан во 2017 година, нема да се врати кај херојот од стриповите, очигледно тоа беше поттик на неговиот колега и пријател Рајан Рејнолдс, за кој рече дека му досадувал за тоа на секои пет минути. Тоа било пресудно да се премисли. Покрај тоа, тој откри дека шесте филмови во кои го глумеше Вулверин во филмската франшиза „X-Men“ му ги оштетиле гласните жици. Бидејќи онолку викање и ржење колку што бараше неговата улога, откри тој во емисијата „Front Row“ на Би-Би-Си, резултирало со трајно оштетување на неговите гласни жици. Но, тој не можел да одолее на нов предизвик, па сега ќе го видиме во епска борба за спас на светот.

image

Во новиот филм „Deadpool“ тој мора да најде начин да го спаси својот свет и се обраќа за помош кај Логан, кој се предал на тагата и алкохолот откако самиот изгубил се и нема желба повторно да биде Вулверин. Дедпул мора да го убеди да му помогне за да не исчезне трагично сè што сака. Преку режисерската визија на Шон Леви, очекувајте акција, ненадминат хумор и неочекувани пресврти.

Рејнолдс и Хју Џекмен ги репризираат нивните најпопуларни улоги, а во филмот играат и Ема Корин, Морена Бакарин, Роб Дилејни, Лесли Угамс, Каран Сони и Метју Мекфадиен. Оваа филмска авантура пристигнува во кината на 25 јули 2024 година.

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma