Проблемите во рајот започнале уште на медениот месец: Еве што навистина не можел да поднесе Бен Афлек кај Џенифер Лопез

popara23 август, 20241min00
Screenshot_7

Штом Џенифер Лопез поднесе барање за развод од Бен Афлек, почнаа да се појавуваат досега непознати детали од нивниот семеен живот, кој не беше без проблеми. Така, парот, кој имаше прекрасна венчавка на 20 август 2022 година на имотот на актерот во Џорџија, набрзо имаше сериозна кавга по прославата, известува Пејџ сикс. Ова се случило за време на нивниот меден месец на езерото Комо во Италија.

 

 

 

Таблоидот, повикувајќи се на извори блиски до парот, пишува дека Бен бил многу незадоволен од галамата околу нивната венчавка.

 

„Кога не беа пред камерите, едвај зборуваа еден со друг за време на најсреќниот период во нивниот живот. Тој ја убедуваше дека се променил и тоа не траеше многу долго“, вели изворот за Пипл.

 

Афлек, кој некогаш се бореше со зависноста од алкохол, сакаше поголема приватност, велат пријателите, и тој не можеше да се справи со нивото на слава на Лопез и сета драма што ја следеше нивната врска.

 

Вториот голем удар за него беше одлуката на Џеј Ло јавно да ги објави своите љубовни писма, кои и ги пишуваше уште додека беше во брак со Џенифер Гарнер. Во документарниот филм „The Greatest Love Story Never Told“ пејачката открила многу тајни за кои нејзиниот сопруг претпочитал да молчи. Бен признал дека бил „зачуден“ кога открил дека нејзините музичари од тимот ги пребаруваат неговите лични љубовни писма, кои Џеј Ло им ги дала да ги искористат како инспирација за нивниот следен албум.

 

„Отсекогаш сум ги сметал личните работи за свети и посебни бидејќи тие се лични“, рекол Афлек.

 

Од април оваа година, тие престанале да се појавуваат во јавноста заедно, а потоа се дозна дека Афлек се иселил од нивната луксузна палата, изнајмувајќи поскромна куќа. Малку подоцна си купил и нов дом.

 

Лопез, според пријателите, се обидела да ја подобри врската и да го спаси бракот. Поминувала многу време со децата на Бен, а на 15 август, и покрај разделбата, дошла да му го честита роденденот на својот сега веќе отуѓениот сопруг, иако тој не се појави на нејзината забава по повод 55-тиот роденден на пејачката.

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma