Проблеми во рајот? Џесика Бил ja извади бурмата по апсењето на Џастин Тимберлејк

popara26 јуни, 20241min00
Џастин Тимберлејк и Џесика Бил

Актерката деновиве беше фотографирана во одлично расположение во Њујорк каде што снима нов филм, а сите забележаа дека на раката и недостига важен детаљ.

Откако западна во неволја поради возење во пијана состојба, поради што неодамна беше уапсен, 43-годишниот американски пејач Џастин Тимберлејк се чини дека наиде на проблеми и на приватен план. Неговата сопруга, 42-годишната актерка Џесика Бил, деновиве е фотографирана во Њујорк, каде во моментов го снима својот нов филм „The Better Sister“ без бурма на раката. И покрај тоа што беше одлично расположена, нејзиниот потег беше доволен за да почнат шпекулации за брачни неволји, кои, според се, ги предизвика апсењето на Џастин.

Полицијата пред неколку дена го запрела пејачот, а потоа го уапсила поради возење под дејство на алкохол, а веста како молња се прошири низ светските медиуми. Полицајците го виделе како вози автомобил БМВ Х7 и покрај задолжителен знак за стоп, непочитувајќи ги сообраќајните прописи, а од полицискиот извештај се гледа дека Џастин мирисал на алкохол, тешко зборувал, а очите му биле крвави. Еден ден по апсењето, Џастин со лисици на рацете бил изведен на суд, каде што се појавил прилично шокиран и збунет. Набрзо го стигна казната – една година му беше забрането да вози во Њујорк, а беше ослободен без кауција, а следно треба да се појави на суд на 26 јули.

Пејачот кој често го нарекуваат „Принцот на попот“ е во брак со Џесика од 2012 година и имаат два сина – Сајлас роден во април 2015 година и Финес роден во 2020 година. И додека на прв поглед, Џастин може да изгледа како олицетворение на грижлив татко и сопруг, во последните години често е во центарот на скандали кои чекор по чекор ја уништуваат репутацијата на добро момче. Тој јавно призна дека користел дрога, како и прекумерното консумирање алкохол откако бил фатен во интимна врска со актерката Алиша Вејнрајт, иако бил во брак со Џесика. После тоа, тие решиле вешто да ја сокријат веста за втората бременост од јавноста токму поради споменатиот скандал, кој за малку ќе им го уништеше  бракот. Џесика тогаш за прв пат ја извади бурмата, но решила да му даде втора шанса на сопругот, па се помириле и решиле да поработат на врската, а таа ја вратила бурмата на рака се до сега. Тогаш Џастин јавно и се извини велејќи дека згрешил и дека му е жал за се. „Имав премногу алхохол испиено таа вечер и се каам за моето однесување“, изјави Џастин откако во медиумите протекоа негови фотографии со Алисон.

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma -

loodgieter den haag