Проверен трик за отворање на заглавен капак од тегла: Толку е просто, а секогаш успева

popara4 септември, 20241min00

Зедовте тегла ајвар или кисели краставички, но не можете да ја отворите.

Сте пробале со крпа, нож, виљушка, сте примениле се што сте слушнале, но капакот не сака да се помрдне! Имаме едноставно решение.

Применете го трикот на искусните домаќинки кои без проблем отвораат тегли. Кога ќе забележите дека капакот на теглата не сака да помрдне, нема потреба да се грижите, бидејќи разните помагала кои би требало да го истиснат воздухот од под капакот не секогаш успеваат да го направат тоа. Затоа многу жени користат поедноставен, но многу побрз начин. Покрај тоа, овој метод бара помалку енергија. Се што ви треба е вода.

Сè што треба да направите за да го отворите заглавениот капак на теглата е накратко да го ставите под млаз топла вода, односно само дел од капакот. Делот каде што се спојуваат капакот и теглата држете го под топла вода неколку секунди и под влијание на топлината, вакумот ќе се олабави, а вие лесно ќе ја отворите теглата.

Друг начин лесно да ја отворите теглата е да ја потопите во сад со топла вода. Кога ќе ја извадите теглата од водата по неколку секунди, добро избришете ја со сува крпа и нежно одвртете го капакот. Сепак, постои ризик од навлегување на вода во теглата ако капакот се олабави додека теглата е во вода.

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma -

loodgieter den haag