Актерката ја доби ласкавата титула благодарение на оценката на британскиот пластичен хирург Џулијан Де Силва, кој раководи со Центарот за напредна естетска и пластична хирургија во Лондон. Оваа одлука е донесена врз основа на компјутерско скенирање на лицето.
Тоа е најпопуларниот метод во светот на естетските процедури. Се заснова на „златниот пресек“, кој е познат и како „божествен однос“.
„Се покажа дека ја има најдобрата поза на очите со резултат од 98,9%, што е само 1,1% од совршената форма. Ања имаше и најдобра оценка за веѓите. Беше блиску до врвот во речиси секоја категорија, освен во усните, – изјави Де Силва за „Daily mail“.
Второто место на листата на најубави жени во светот според златниот пресек го зазеде Зендаја (94,37%), а на трето место е Бела Хадид (94,35%). Четврта е Марго Роби (93,43%), а петта е актерката Сонг Хи-кио (92,67%). Потоа следат Бијонсе и Тејлор Свифт. Да потсетиме, Бела Хадид долго време беше на прво место, токму поради нејзините совршени црти на лицето.
„Овие нови техники за мапирање ни овозможуваат да решиме некои од мистериите за тоа што ги прави луѓето физички убави. Оваа технологија е корисна и за планирање на операцијата на пациентите“, изјави претходно Де Силва, кој го користи овој метод со години.
Ања никогаш не мислела дека е убава
„Никогаш не сум се сметала себеси за убава и мислам дека никогаш нема да го направам тоа. Мислам дека не сум доволно убава за да се занимавам со филмови. Звучи патетично и моето момче ме предупреди дека луѓето ќе мислат дека сум идиот, велејќи го тоа, но само мислам дека изгледам чудно“, откри таа во интервју за The Sun и додаде дека претрпела насилство од врсници.
“Се чувствував како да не се вклопувам никаде. Децата едноставно не ме разбираа. Знаеа да ме затворат во школските шкафчиња. Поминував многу време плачејќи во училишниот тоалет. Бев толку осамена како дете “, опиша таа..