Прогласена најпријателската земја во Европа: На листата и една држава од Балканот

popara7 октомври, 20241min00
1656161456-shutterstock_1935428245-750x500

Како може еден град или земја да се смета за „пријателски“? Со тоа дали луѓето му се заблагодаруваат на возачот на автобусот кога ќе се симнат? Дали мештаните со задоволство застануваат за да им помогнат на изгубените туристи? Дали келнерот ве поздравува со насмевка? Сепак, цели земји се малку потешки за класификација – менталитетот на луѓето од север може да биде навистина различен од оние од југот, a истото важи и за жителите на градовите и селата.

Престижниот магазин за патувања Conde Nast Traveller’s Readers’ Choice Awards ги прогласи најпријателските земји во Европа. Тие рангираа десет земји низ континентот врз основа на тоа колку читателите сметаат дека се добредојдени.

На прво место како најпријателска земја се најде Австрија.

Постигнувајќи импресивни 93,88 од 100, Австрија го надмина минатогодишниот шампион Ирска. За ова придонесе Лебенсгефул – свесноста за животот – бидејќи локалното население ја цени уникатната убавина на Австрија и ги поканува другите да уживаат во неа, пренесува Time Out.

На второ место е Ирска, а интересно е што Даблин не се најде на листата на најпријателски градови, додека на листата е Виена. Истото важи и за третата најпријателска земја, Хрватска.

Проверете ја целосната листа подолу:

1. Австрија
2. Ирска
3. Хрватска
4. Португалија
5. Грција
6. Исланд
7. Швајцарија
8. Турција
9. Шпанија
10. Франција

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma -

loodgieter den haag