Проговори наводната љубовница на принцот Вилијам: Роуз накратко ги коментираше гласините што кружат

popara19 март, 20241min00
Сара Роуз

Кејт Мидлтон со месеци не ја гледавме  во јавноста, поради што почнаа да кружат разни теории на заговор, а една од нив е дека таа и принцот Вилијам се развеле поради манекенката Сара Роуз Ханбери.
Роуз очигледно сака да излезе од љубовниот триаголник во кој е вплеткана со принцот Вилијам и Кејт Мидлтон.

Со оглед на тоа дека не престануваат шпекулациите за нејзината врска со Вилијам, а деновиве и Кејт беше видена во продавница со сопругот, Сара Роуз се огласи во врска со ситуацијата.

– Приказните се целосно невистинити – порача таа преку своите адвокати во саботата на 16 март. Таа негираше дека принцезата од Велс исчезнала од очите на јавноста бидејќи дознала дека Сара Роуз и принцот имале многу блиски односи.

А како Сара Роуз се вклучи во целата приказна? Па, водителот Стивен Колбер во своето шоу „The Late Show With Stephen Colbert“ рече:

– Се плашам дека имам сериозни вести за британското кралско семејство. Информаторите на Интернет шпекулираат дека отсуството на Кејт има врска со нејзиниот сопруг, идниот крал на Велика Британија, Вилијам, кој имал афера. Мислам дека сите знаеме која е другата наводна сопруга, Маркионесата на Чолмондели (насловот на Сара Роуз Ханбери). Имаше приказни за тоа како започнала аферата меѓу Вилијам и неа во 2019. Според таблоидите, тогаш Кејт се соочила со својот сопруг, на што тој се насмеал и рекол дека нема ништо меѓу нив. Да, секогаш добар одговор да и понудиш на жена ти кога ја изневеруваш – рекол Колбер.

Палатата Кенсингтон не ја коментираше наводната афера. Ханбери е поврзана со кралското семејство со години, присуствувајќи на свадбата на Вилијам и Кејт во 2011 година, како и на погребот на принцот Филип во 2021 година. Таа е поранешен модел и се омажи за Дејвид Чолмондели во 2009 година.

– Кејт смета дека овие гласини се штетни, и пречи помислата дека еден ден нејзините деца ќе читаат за нив на Интернет – рекол извор близок до кралското семејство во 2019 година, мислејќи на принцовите Џорџ (10) и Луис (5) и принцезата Шарлот (8).

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma -

loodgieter den haag