Состојки:
400 мл. вода
100 мл масло
1 лажичка сол
5 полни лажици ајвар
300 гр пченкарно брашно
150 гр бело брашно
1 прашок за пециво
Подготовка:
Измешајте вода, масло, ајвар, сол, додадете брашно и прашок за пециво. Измешајте и истурете во плех за печење или калап за мафини. Се печат на 200 степени околу 25 – 30 минути.