Работата на Бијонсе ќе се изучува на познат факултет: Пејачката влезе во историјата

popara13 ноември, 20241min00
ee7f644ab170634b8ceb3d41e128fe886c2b8d2f

Универзитетот Јејл следната година ќе воведе нов курс кој ќе ја проучува работата на поп-ѕвездата Бијонсе, која има рекордни 99 номинации за Греми и е препознаена како еден од највлијателните уметници во музичката историја.

Насловен „Бијонсе прави историја: радикална афро-американска традиција, култура, теорија и политика преку музика“, курсот ќе се фокусира на периодот од нејзиниот истоимениот албум од 2013 година до годинешниот „Каубој Картер“ и како светски познатата пејачка и текстописец создаде свест и ангажман во социјалните и политичките идеологии, објави ABC News.

Професорката по афроамерикански студии на Универзитетот Јеил, Дафне Брукс, планира да го искористи обемниот репертоар на пејачката, вклучувајќи снимки од нејзините настапи во живо, како „портал“ за студентите да учат за афроамериканските интелектуалци, од Фредерик Даглас до Тони Морисон.

– Ќе ги сфатиме сериозно начините на кои критичката работа, интелектуалната работа на некои од нашите најголеми мислители во американската култура е поврзана со музиката на Бијонсе и ќе размислуваме за начините на кои можеме да ја примениме нивната филозофија на нејзината работа – рече Брукс.

Бијонсе, чие полно име е Бијонсе Жизел Ноулс-Картер, не е првиот уметник што се изучува на универзитет.

Универзитетите ја проучуваа работата на кантавторот Боб Дилан, а неколку универзитети неодамна понудија часови за пејачката Тејлор Свифт и нејзините текстови и наследство во поп културата.

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma -

loodgieter den haag