Рак што ги погодува мажите на возраст од 15 до 35 години

popara25 март, 20241min00
Screenshot_1

Промена на еден дел од телото може да укажува на опасно заболување

 

 

 

Ракот на тестиси е најчесто малиген, но истовремено е многу редок вид на карцином кој се јавува во половите клетки на мажот. Најчесто ја погодува помладата популација, мажите на возраст од 15 до 35 години. Кога се јавува кај постари мажи, речиси секогаш станува збор за лимфом или рак на клетките на имунолошкиот систем, кои исто така се наоѓаат во ткивото на скротумот. Причината за карциномот на тестиси е непозната. Постои генетска предиспозиција, па семејната анамнеза е исто така ризик-фактор, односно појава на карцином кај блиски роднини.

 

На мажите им се препорачува да обрнуваат внимание на тој дел од телото, па доколку забележат оток или израсток, веднаш да закажат преглед кај уролог за да се утврди за каква промена станува збор. Израстокот на тестисот може да бидат резултат и на други бенигни болести кои се многу почести. Иако ракот на тестисите е ретка болест, секој израсток на тестисот мора да се испита за да се исклучи малигно заболување.

 

Испитувањето е важно за дијагнозата да се утврди што е можно поскоро. Израстокот се манифестира како тврдо, нодуларно задебелување (во вид на јазол) на тестисот кое обично е безболно. Сепак, болката во тестисот и малата карлица може да се јави како дел од клиничката слика на карциномот на тестиси, па затоа е потребно да се внимава и да се побара преглед во случај на болка. Болката во тестисот најчесто е резултат на инфекција, но може да се појави и како последица на рак. Појавата на спонтан, безболен оток е исто така причина за сомнеж за малигно заболување. Понекогаш целиот тестис е зголемен и задебелен. Пациентите исто така може да почувствуваат тежина во тестисот, а во мал број случаи е можно зголемување и осетливост на брадавиците, кога туморот е хормонски активен.

 

Раните предупредувачки знаци не треба да се игнорираат, бидејќи секоја година илјадници мажи заболуваат од оваа болест, но раното откривање на болеста може да ги зголеми шансите за преживување. Свесноста за симптомите е клучна во спречувањето болеста да се прошири. Остра болка во тестисот е главен симптом. Сепак, овој знак за тревога не се јавува кај сите, бидејќи ракот на тестиси обично не е болен, па затоа треба да бидете свесни за главните симптоми.

 

Еве кои симптоми за предупредување ги наведува Британското здружение за истражување на рак на тестиси:

 

Грутка или оток во едниот тестис е најчест симптом. Грутката може да биде со големина на зрно грашок, а докторот прави преглед за да утврди дали се работи за циста или рак.

 

Институтот Роберт Кох проценува дека во Германија годишно заболуваат околу 4.200 луѓе од оваа болест. Во 2019 година од карцином на тестиси починале 160 лица. Таканаречените релапси, или повторно враќање на болеста, обично се случуваат во рок од две години по завршување на терапијата. Но, забележани се случаи на повторување на болеста и по пет години.

 

Други помалку познати симптоми вклучуваат:

 

  • Болка во грбот
  • Болка во долниот дел на стомакот
  • Кашлица
  • Тешко дишење
  • Тешкотии при голтање
  • Оток во градите
escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma -

loodgieter den haag