Растенија кои го намалуваат стресот: Одлични се за здравјето, ви враќаат стократно за секој труд

popara27 август, 20241min00
Јасмин

Растенијата ни го разубавуваат животот, но помагаат и за одржување на здравјето. Ова се билки кои го намалуваат стресот.

Сигурно веќе сте забележале дека се чувствувате подобро кога сте опкружени со растенија – нашето расположение се подобрува кога шетаме во природа, работиме во нашата градина, па дури и кога одиме во градинарскиот центар.

Овој ефект не доаѓа само од убавината на растенијата, туку многу од нив влијаат и на нашето расположение. Според студијата на Универзитетот во Ексетер, луѓето кои се преселуваат во „позелени“ области и поминуваат време во паркови и градини доживуваат значителни подобрувања во менталното здравје. Некои растенија особено придонесуваат за ова, а ние ви претставуваме три кои го намалуваат стресот и лесно се одгледуваат.

Лаванда

Лавандата е позната по своите миризливи цвеќиња и ароматични лисја. Грмушката од лаванда лесно се одгледува – засадете ја на пролет, изберете убаво, сончево место и уживајте во цвеќињата во топлите летни денови.

Оваа билка е секогаш на врвот на листата на природни ослободувачи од анксиозност. Најпопуларното есенцијално масло се добива од лаванда. Кога се вдишува редовно носи подобрувања во краткорочната меморија, го ублажува стресот и не релаксаира.

Како што цвета вашата лаванда, можете да исечете неколку цвеќиња и да ги користите за чај. Лавандата се бере во најтоплиот период од денот, а гранчињата со цветови се сушат наопаку, на засенчено место, заштитено од влага.

Јасмин

Популарни се два вида јасмин – летен и зимски, но и двата имаат ситни цветови во форма на ѕвезда со исклучителен, сладок мирис. Тој им помага на многумина да се ослободат од анксиозноста и неговата близина обезбедува мир и спокојство.

На овој прекрасен ползавец му треба топло и сончево место, заштитено од ветрот. Најдобро е да и обезбедите пергола или жица на која ќе може да се качува, а во текот на летото да го нахраните со ѓубриво богато со калиум.

Рузмарин

Рузмаринот е едно од најпознатите растенија од семејството нане, кое со векови се користи во готвењето и во традиционалната медицина.

Оваа грмушка со листови слични на игли го сака сонцето, отпорна е на многу временски услови и има мирис што потсетува на Медитеранот. Мирисот на рузмарин го смирува телото и го активира умот, помага во зајакнување на меморијата и ја намалува анксиозноста.

 

 

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma -

loodgieter den haag