Австралиската актерка и комичарка Ребел Вилсон откри дека се омажила за Рамона Агрума. Ова беше нивната втора свадбена церемонија, која сега е легална.
„Мојата сестра Либерти законски не венчаше. Ова значеше дека мојата 94-годишна баба можеше да присуствува. Тоа беше многу посебно за нас. Чувствував дека е правилно да го направам тоа во мојот роден град во овој славен период од годината“, напиша таа.
Таа сподели фотографии на кои позира со Рамона пред мостот во Сиднеј. Таа објави и фотографии со членовите на семејството.
Првата церемонија се одржа во септември оваа година на Сардинија. Тие носеа венчаници од брендот Pronovias. Тие се верија минатата година на Денот на вљубените, а ја посвоија својата ќерка во 2022 година.
View this post on Instagram
„Мислев дека барам принц од Дизни. Сепак, она што можеби ми требаше цело време беше принцеза“, изјави претходно Ребел на социјалните мрежи.
Ендрју Хорнери и се закани на Ребел дека во една статија ќе открие дека е лезбејка. Таа го објави ова пред тој да го стори тоа. После тој ѝ се извини.