Дознајте врз кои знаци најмногу ќе влијае ретроградниот Меркур од 25 ноември до 15 декември 2024 година
Ретроградниот Меркур започна на 25 ноември и ќе трае сè до 15 декември, а еве врз кои четири знака ќе има најголемо влијание…
- Близнаци – губење баланс во комуникацијата
Близнаците природно се поврзани со Меркур, што значи дека силно ги погодува секој негов ретрограден циклус. Овој пат, Близнаците може да очекуваат проблеми во личните и деловните односи поради недоразбирања или ненадејни промени. Зборовите изговорени без размислување може да предизвикаат непотребни конфликти. Совет: Проверувајте ја секоја информација, одбегнувајте да озборувате и не донесувајте избрзани одлуки.
- Стрелец – недоразбирања на патувањата и во кариерата
За авантуристички настроените Стрелци, ретроградниот Меркур може да донесе застои на патувањата, доцнење на летовите, дури и изгубен багаж. Исто така, во професионалното опкружување може да дојде до несогласувања со колегите или до застои во проектите. Внимавајте и на финансиските трансакции, бидејќи постои ризик од грешки или измами. Совет: Бидете флексибилни, двапати проверувајте сè и одбегнувајте големи трошоци.
- Скорпија – емотивни превирања и враќање на минатото
Скорпиите во овој период ќе почувствуваат силно враќање на емоции од минатото и од нерасчистените односи. Ретроградниот Меркур може да им ги извади на површина старите љубови или конфликти кои мислеле дека се зад нив. Овој период е идеален за интроспекција, но не и за донесување конечни одлуки за љубовниот живот. Совет: Не реагирајте импулсивно и фокусирајте се на внатрешниот мир.
- Водолија – технолошки проблеми и стрес во секојдневјето
Водолиите се познати по својата љубов кон технологијата, но токму во оваа област ќе наидат на најголеми предизвици за време на ретроградниот Меркур. Очекувајте расипување на уреди, губење важни податоци, дури и проблематични ситуации на социјалните мрежи. Згора на сè, секојдневните задачи може да станат хаотични поради грешки или погрешни информации. Совет: Правете резервни копии на податоците и бидете трпеливи.