Оваа вистинска зимска чорба ќе ве загрее и заживее. Во зима ништо не оди толку добро како нешто убаво „на лажица“.
Јадења има онолку колку што има комбинации од зеленчук, а нивната подготовка е толку едноставна што сите изговори да не ги готвите сами паѓаат во вода.
Состојки:
– 1 сварено парче пилешки гради (исечено на коцки)
– 1 главица брокула (исечена на цветови)
-1 црвен кромид (сецкан)
-2 компири (излупени и исечени на коцки)
-2 чешниња лук (сецкани)
-2 моркови (исечени на прстени)
– половина чаша грашок
– половина чаша пченка
-1 кафена лажичка ким
-2 лажици маслиново масло
– половина кафена лажичка мелен црвен пипер
– 6 чаши супа од пилешко или зеленчук
– 2 лажици свеж магдонос (сецкан)
Подготовка:
На загреано маслиново масло пропржете го кромидот и лукот додека не станат проѕирни, а потоа додадете ги морковите и компирите и пржете неколку минути.
Додадете го месото и кратко продинстајте.
Додадете грашок, брокула и пченка и измешајте, зачинете и повторно измешајте.
Додадете го густинот и оставете ја чорбата да зоврие.
Намалете ја топлината и оставете да се готви околу 20 минути.