Ја обновува оштетената коса
Одамна е познато дека препаратите од коприва се најдоброто нешто што можете да си го дозволите за вашата коса.
Супстанциите со кои е богата копривата, ја обновуваат оштетената коса, го стимулираат растот на косата и враќаат здрав, природен сјај на косата.
Раставикот, пак, го намалува опаѓањето на косата, и го зајакнува, па комбинацијата на овие две растенија со уште неколку состојки создава многу моќна алатка која ја штити, храни и негува вашата коса.
Доколку косата или скалпот ви се премногу чувствителни, не би било лошо да се консултирате со лекар.
Состојки:
– 3 врвови свежа малина или 2 лажици сушена малина – млада коприва
20 листови – масло од јојоба
1 лажица – масло од арган
6 до 8 капки – гел од алое вера
2 лажици – масло од рузмарин
4 капки – масло од чајно дрво
4 капки – спирулина, 1/8 лажиче
Подготовка:
Во поголем сад ставете ги копривите и раствик, па прелијте ги со зовриена вода и оставете да се изладат. Во еден сад измешајте ги сите споменати есенцијални масла и спирулината.
Кога водата со растенијата ќе се олади, процедете ја и истурете ја во смесата со масло. Сè убаво измешајте и истурете во стаклено шише. Откако ќе го нанесете шампонот, добро втријте го производот во косата и исплакнете ја со млака вода.