Рецепт за зимска супа со песто: Пука од витамини

popara2 февруари, 20241min00
1706684884-cala-w6ftFbPCs9I-unsplash-750x540 (1)

Оваа едноставна супа обезбедува доза на витамини.

Во зима, нема повкусен оброк од топла, густа супа која загрева и дава енергија. Доколку веќе сте ги искористиле сите ваши рецепти, ви препорачуваме еден одличен и здрав рецепт кој ќе ви ја даде сета потребна доза витамини.

Состојки:

– 15 мл маслиново масло
– 200 гр кромид, грубо исечен
– 200 гр моркови, грубо исечкани
– 150 гр стапчиња целер, грубо исечкани
– 2 лименки домати
– 160 гр карфиол
– 2 лименки грав по избор
– 190 гр песто
– Сол и црн пипер
– 40 гр пињоли
– 12 листови босилек

Подготовка:

Загрејте маслиново масло во тенџере, додадете кромид, рен и целер и пржете сè околу пет минути. Додадете конзервирани домати. Во една лименка додадете вода и исто така ставете ја во смесата. Оставете ја супата да се готви околу 10 минути на умерен оган.

Додадете ситно сечкан карфиол и сè варете уште пет минути. Додадете го гравот и оставете уште пет минути. Се трга од шпорет и во смесата се додава половина од пестото.

Кога служите, додадете една лажичка песто, малку пињоли и неколку листови босилек.

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma -

loodgieter den haag