Рецепт за ролнички со шунка и кашкавал кои се прават за 15 минути и исчезнуваат уште побрзо

popara2 јануари, 20241min00
Рецепт за ролнички со шунка и сирење кои се прават за 15 минути

Наједноставните состојки секогаш ги прават највкусните јадења, а ролатите со сирење и шунка се вистински доказ за таа констатација. Овој рецепт е готов за кратко време, а е направен од состојки кои веројатно веќе ги имате дома. Се што треба да направите е да ги ставите шунката и сирењето на тост лепче, да завиткате, да го препечете и кратко да го пропржите на масло.

Во продолжение прочитајте рецепт кој функционира за секого, а најмногу ќе ги воодушеви децата.

Ролнички со шунка и сирење – состојки:
300 гр тост леб
150 гр шунка
150 гр кашкавал
сирен намаз
За печење:

1 јајце
брашно
презла
сол, бибер, лук
Подготовка:
Исечете ги рабовите на тостот и расукајте со сукало.
Намачкајте го тост лепчето со сирниот намаз,додадете парче шунка и кашкавал и завиткајте во ролна.
Премачкајте ја секоја ролна. Прво ставете го во брашно, па во изматено јајце и на крај во презла зачинета со сол, бибер и лук во прав.
На масло пропржете ги ролничките додека не добијат златна боја.
Послужете со вашиот омилен сос.

Совет: Наместо шунка и сирење, тостот можете да го наполните со кој било друг фил. Може да биде мелено месо, сланина, колбас,а може да биде и веге варијанта – со свежо сирење и спанаќ или кој било друг зеленчук.

 

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma -

loodgieter den haag