Тирамису е еден од омилените деликатеси на многу луѓе во Италија и пошироко.
Тирамису е слатко кое со својот вкус ги освојува срцата и стомаците на луѓето ширум светот, па не е ни чудо што Италијанците го нарекуваат скапоцен камен на нивната кујна.
Без разлика дали ќе изберете рецепт со пишкоти или бисквити, не можете да погрешите.
СОСТОЈКИ
-шлаг – 500 грама
-какао во прав – 50 грама
-шеќер во прав – 60 грама
-јако кафе – 300 ml
-пишкоти или други бисквити – 500 грама
ПОДГОТОВКА
1.За почеток, направете јако кафе, а потоа додадете три лажици шеќер во прав.
2.Потоа можете да го направите шлагот, а кога ќе стане доволно густ, ставете три лажици шеќер во прав.
3.Секое колаче или бисквит потопете го во кафето, па наредете ги во калапот за колачи.
4.Нанесете шлаг одозгора, па посипете со какао во прав.
5.После тоа повторно наредете бисквитите потопени во кафе, па нанесете уште еден слој шлаг и повторно посипете со какао.
6.Оставете го вашето тирамису во фрижидер малку да се стегне, а кога ќе го послужите – задолжително со шоља кафе.