Потребно е:
200 гр ориз
1 литар бујон од зеленчук
200 гр млад грашок
1 главица кромид
2 чешниња лук
50 гр растително сирење
50 гр маргарин
2 супени лажици маслиново масло
сол и бибер по вкус
Подготовка:
Во тава загрејте маслиново масло и пропржете ситно сечкан кромид и лук. Додадете го оризот и пропржете го додека не стане стаклен. Постепено додавајте го бујонот една по една кашичка, постојано мешајќи додека оризот не ја впие течноста. По 15 минути варење додадете го грашокот и продолжете со варењето уште 5 минути. Кога рижото е готово, тргнете го од оган и додадете ги путерот и пармезанот. Промешајте и послужете топло. Пријатно!