РИЖОТО СО ПЕЧУРКИ: Долго ќе ве држи сити, а ќе го изедете за секунда

popara19 септември, 20241min00
100656_shutterstock-1336705082_f

Потребно е:

40 гр путер
2 супени лажици маслиново масло
1 главица кромид
2 чешниња лук
600 гр печурки
1 шолја кочански ориз
1 чаша бело вино
околу половина литар супа (може и од коцка)
сол
бибер
мајчина душица
50 гр рендан пармезан
магдонос

Подготовка:

Загрејте го путерот со маслиново масло, па додадете го исечканиот кромид. Пржете додека не стане стаклен. Додадете ги исчистените печурки, па малку сол, па намалете ја температурата и пропржете со често мешање. Кога печурките ќе го пуштат сокот и ќе зоврие течноста, додадете го оризот. Промешајте добро да се соединат состојките, па прелијте со виното. Намалете ја температурата и варете полека, а со често мешање додадете ја супата. Кога ќе има текстура на рижото, зачинете, па додадете прстофат мајчина душица. На крај тргнете го од шпорет и додадете рендано сирење. Добро измешајте, па посипете со сечкан магдонос. Пријатно!

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma -

loodgieter den haag