Ричард Гир распнат на столбот на срамот: Актерот минува низ голгота поради сопругата Александра

popara23 април, 20241min00
Александра и Ричард Гир

Ричард Гир (74) последниве години малку се повлече од јавноста, а речиси е тешко да се види со сопругата Александра Силва, која е 33 години помлада од него.
Ричард Гир своевремено важеше за вистински холивудски заводник, но во последните години ретко се појавуваше во јавноста. Актерот поради некоја причина избегнува да биде „забележан“ заедно со сопругата и се гледа дека никаде не одат заедно.

Александра и Ричард се во брак од 2018 година. За актерот тоа е трет брак, додека за неговата сегашна сопруга е втор. Инаку, Александра е ќерка на пријателот на Ричард и се запознале додека таа била уште мало девојче.

Поминаа години до нивната следна средба, а дотогаш Александра веќе порасна во млада и убава девојка, таа исто така стана успешна жена. Во времето кога повторно го видела Ричард, таа била менаџер на хотел во Италија.

Во една прилика, Александра раскажа како Гир и праќал цвеќе додека не се согласила да оди на состанок со него.

-Од кога сме заедно, цело време ми пишува песни – откри убавата Александра, која од првиот брак има син исто како и нејзиниот сопруг.

Двајцата имаат уште две деца, но ги кријат од јавноста колку што можат.

Откако стапија во врска, ги следеа лоши коментари, особено поради разликата во годините, а кога неодамна се појавија на еден настан во Лос Анџелес, многумина го исмеваа Ричард.

„Го прошетала дедо и“, „Да не се лажеме, не е поубав, постар е“, „Сигурно се заљубила во тато“.

Имаше и такви кои застанаа во одбрана на Гир, велејќи дека е во ред стара госпоѓа да шета пиленце, но тоа не е случај со мажите. Некој напишал и: „Тој има пари, таа знае знаење!“

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma -

loodgieter den haag