Пејачката Ријана ѝ претстави на јавноста нова линија долна облека и ги почести фановите со фотографии од најновата маркетинг кампања.
Станува збор за новата колекција на нејзиниот познат бренд Savage x Fenty, а за оваа прилика пејачката позираше во предизвикувачки жолт комплет долна облека.
На Инстаграм профилот на својот бренд таа сподели неколку фотографии на кои позира во градник со цветен, дезен од жолт тантела и соодветни гаќички со чорапи. На рацете има ракавици со ист дезен кои допираат над лактот, а долгата руса коса ја оставила пуштена додека позирала пред камерата.
За само еден час од објавувањето, фотографиите собраа повеќе од 1,6 милиони лајкови на Инстаграм и повеќе од 15 илјади коментари.
„Прекрасен комплет долна облека“, „Морам да го купам ова, жолтата ми е омилена боја“, „Довербата, убавината и бестрашниот стил на Ријана го осветлуваат секој аутфит што го носи“, „Ова го ставам на списокот со желби“, беа само дел од коментарите на нејзините следбеници.
На почетокот на август годинава Ријана објави и фотографии за својот бренд. Тогаш многумина истакнаа дека пејачката изгледа одлично, а помина една година откако го роди своето второ дете, синот Риот Роуз.
Таа тогаш објави две фотогалерии. На едната носи кафеава долна облека и кафена кожна јакна, додека на другата покажува долна облека со леопард принт.