Роберт де Ниро викендов го прослави својот 81 роденден и ужива во целосно здравје, две децении по операцијата на рак

popara10 септември, 20244min00
Роберт-Де-Ниро

Неговата ќерка Дрина објави видео на Инстаграм на кое се гледа како смелиот актер скока во морето и покрај неговата напредна возраст. „Тој е толку луд“, вели во видеото ќерката Дрина, која сега има 56 години, а името го добила по српската река Дрина, во која Де Ниро се заљубил кога ја посетил Србија.

 

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Drena (@drenadeniro)

Две децении по операцијата на простата, Де Ниро се уште е инспирација за многумина – кога му беше дијагностициран рак, тој не дозволи тоа да влијае на неговата кариера. И не само тоа! На 79 години стана татко по седми пат!

Според неговиот претставник за печат, болеста била откриена при рутински преглед. Анализата на крвта покажа дека количината на специфичен антиген што се лачи од простатата е зголемена, што укажува на можен рак.

Здравјето на простатата се проверува и со директен ректален преглед, кој е повеќе непријатен отколку болен и трае помалку од 30 секунди. Овие прегледи се препорачуваат за сите мажи на возраст над 50 години. Ако вашиот татко или брат имал рак на простата, треба да започнете со прегледи веднаш по 45-тата година од животот.

Третманот за рак на простата вклучува операција, зрачење или нивна комбинација, како и потенцијална хормонска терапија. Изборот зависи од индивидуалниот статус на секој пациент, но терапијата се смета за исклучително успешна, за што сведочи и здравствената состојба на Роберт Де Ниро.

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma -

loodgieter den haag