Луѓето родени во мај сакаат уметност и обожаваат да патуваат, вредни се и ги остваруваат сите соништа. Еве уште неколку карактеристики според кои ќе ги препознаете.
Вредни се
Луѓето родени во мај се амбициозни и вредни. Вложуваат во себе и се успешни во она што го работат. Сепак знаат да претераат и да работат и повеќе отколку што треба.
Емотивни се
Емотивните луѓе имаат негативни и позитивни страни. Од една страна се многу добри, а од друга се лутат за глупости. Затоа е важно да научат да ги контролираат своите емоции.
Обожаваат да патуваат
Луѓето родени во мај обожаваат да патуваат. Сакаат да запознаат различни култури и луѓе, да откријат нови места и да ги посетат омилените земји.
Тврдоглави се
Тие се многу тврдоглави. Не само што не сакаат да ги слушаат советите на другите луѓе туку и ќе се инаетат и кога знаат дека не се во право.
Харизматични се
Секогаш се во центарот на вниманието. Не мора да се трудат многу за да го привлечат вниманието на другите луѓе бидејќи зрачат со харизма.
Сакаат да трошат пари
Сакаат да трошат пари за луксузни работи, но сепак имаат мерка.
Сакаат да сонуваат
Иако важат за реалисти, сакаат да сонуваат и да живеат во некој нивен совршен свет.