Розова боја и светки како главен хит: Новите нокти на Хејли Бибер ќе бидат водечки тренд оваа пролет

popara10 април, 20244min00
83688_screenshot-1297_f

Хејли Бибер за многумина е главна инспирација кога се во прашање нокти. Така се крена прашина околу последниот маникир што таа го покажа. Имено, Хејли пред неколку дена покажа уште една верзија на својот глазиран маникир и сигурни сме дека ќе стане тренд.

Нејзиниот бренд за убавина, Rhode, сподели видео на Инстаграм на кое се гледа како Хејли нанесува мелем за усни, а на видеото се гледа и нејзиниот маникир – хром розова боја.

Многумина го пофалија целокупниот изглед на Хејли, како и нејзините нокти. „Ми требаат такви нокти“, „Хејли е толку убава“, „Таа е совршена“, „Што има на ноктите на Хејли?“, се дел од коментарите.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Zola Ganzorigt (@nailsbyzola)

Тие отидоа дотаму што во коментар ја означија маникирката на Хејли, Зола Ганзоригт и побараа видео туторијал како да постигнете такви нокти. Таа одговори на молбите и преку Инстаграм објасни како да го постигне овој изглед на ноктите.

Во коментарите многумина и се заблагодарија за туторијалот, но и истакнаа дека маникирот многу им се допаднал. „Толку е убаво“, „Ја сакам оваа комбинација на бои“, „Убава“, „Ти благодарам“, „Одлична инспирација“, „Многу убаво“, „Ова е неверојатно“, „Прекрасно“.

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma