„Сакав веднаш да дадам отказ! Се појави шокантно интервју со Блејк Лајвли поради која новинарката падна во очај (ВИДЕО)

popara15 август, 20241min00
Screenshot_4

Среде драмата околу новиот филм „Ова завршува со нас“ (It Ends With Us), објавено е старо интервју со актерката Блејк Лајвли, по кое норвешката новинарка сакала да даде отказ.

 

 

 

Интервјуто од 2016 година пред четири дена го објавила норвешката новинарка Кјерсти Фла на својот јутјуб-канал и го нарекла „The Blake Lively Interview that made me want to quit my job“ („Интервјуто со Блејк Лајвли поради кое за малку ќе ја напуштев работата“).

 

„Најнепријатното интервју досега“

Во четириминутното видео, Фла седи со Лајвли и Паркер Пози во интервјуто по повод филмот на Вуди Ален, „Café Society“. Филмот излезе во јули 2016 година.

 

На почетокот на интервјуто, Фла ѝ ја честита бременоста на Лајвли.

 

„Честитки на стомачето“, ѝ вели таа, на што Лајвли возвраќа: „Ти честитам и јас тебе за твоето“, и покрај тоа што Фла видливо не е бремена.

 

Фла потоа во интервјуто се осврнала на костимографијата во филмот, на што Блејк повторно арогантно ѝ одговорила:

 

„Сите сакаат да зборуваат за облеката, но се прашувам дали би ги прашале мажите за облеката?“.

 

Новинарката одговорила дека истото би ги прашала и мажите, но Блејк го игнорира тоа во видеото и продолжува да разговара со својата колешка од филмот, игнорирајќи ја новинарката.

 

„Седењето со Блејк Лајвли и Паркер Пози е најнепријатното интервју што сум го доживеала во животот“, напишала новинарката во описот на видеото.

 

„Многу ми е жал што го преживеа ова“, „Глумеше во филм за сексуалното злоставување на обвинетиот Вуди Ален, а во исто време се преправа дека е феминистка. Морам да се насмеам“, коментирале шокираните гледачи.

 

Блејк на удар на критики

Блејк Лајвли е на удар на критики, бидејќи многумина тврдат дека ја искористила промотивната турнеја за нејзиниот нов филм „It Ends With Us“ за да ги промовира своите производи за нега на коса, наречени „Блејк Браун“. На социјалните мрежи многумина истакнуваат дека маркетиншката кампања на филмот била погрешна од нејзина страна, бидејќи го прикажува како забавен и романтичен филм, притоа игнорирајќи ја важната тема за семејното насилство за која, всушност, зборува филмот.

 

Исто така, странските медиуми наголемо пишуваат дека имало проблеми и во односот помеѓу неа и главниот актер/режисер Џастин Балдони. Наводно, конфликтот настанал откако Рајан Рејнолдс, сопругот на Блејк Лајвли, се вклучил во пишувањето на сценариото. Се нагласува дека Рејнолдс влијаел на носењето креативни одлуки со кои Балдони не се согласувал.

 

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma -

loodgieter den haag