Сакате густа коса? Не грижете се, полесно е од што мислите, само треба да воспоставите адекватна рутина

popara18 јануари, 20241min00
74138_shutterstock-1065291356_f

Трихолозите ја знаат тајната на густата коса. Кажете му збогум на опаѓањето на косата и собирањето купишта коса по миењето на косата.

Губењето на косата е чест проблем ширум светот, кој влијае на 70% од сите мажи над 70 и 50% од жените над 50 години. Обично, луѓето се обидуваат да го избегнат опаѓањето на косата со менување на нивниот начин на живот, но рутината за нега на косата е поважна.

Трихологот д-р Ева Продман ги сподели своите лични препораки: „Користете квалитетен шампон и регенератор и обидете се да ја миете косата секој втор ден. Исто така, имајте на ум дека температурите над 80 степени може сериозно да ја оштетат вашата коса, затоа задолжително користете спреј за заштита од топлина при стилизирање“.

Што е важно?

Д-р Прадман советува да не ја чешлате косата кога е уште премногу влажна, бидејќи токму тогаш е најподложна на оштетување. Ако треба да ја чешлате косата, подобро е да користите широк чешел. Доколку косата многу ви опаѓа, трихологот советува редовно да користите пилинг за вашата коса, односно за скалпот. Редовниот пилинг ќе спречи прекумерно опаѓање на косата и ќе го поттикне нејзиниот раст.

maska

Како што се испостави, не е мит и претпоставката дека урамнотежена исхрана, здрав сон, па дури и редовно вежбање може значително да влијаат на состојбата на вашата коса. Д-р Прадман верува дека адекватниот внес на протеини е клучот за здрава коса и брз раст. Исто така, не заборавајте да пиете доволно вода, бидејќи водата сочинува 10% од косата. Затоа, ако сакате да имате бујна коса, пијте доволно вода.

Негувајте ја косата одвнатре

Еден од најважните услови во борбата против опаѓањето на косата е консумирањето на витамин Д и витамин Б12. „Повеќето од нас имаат недостаток на витамин Д, кој ја одржува косата здрава и во режим на активен раст со тоа што помага да се создадат нови фоликули и да се регулира имунолошкиот систем. Истото важи и за витаминот Б12, затоа обидете се да ги внесувате двата витамини секој ден, по можност преку храна. И ако се открие недостаток, можете да земате додатоци во исхраната“, советува д-р Пудман.

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma -

loodgieter den haag