Сакате на детето да му дадете необично име? Психолог објаснува дали е тоа добра идеја

popara24 јули, 20241min00
904b031471a18ddcd4f5ae29ae199b93cc5eeacc

Необични имиња денес се во мода, па се повеќе родители се одлучуваат на своето дете да му дадат исклучително уникатно име. И тоа е во ред, секој има право да одлучи што мисли дека е најдобро за своето дете, но ако и вие размислувате да му дадете необично име на вашето бебе, можеби ќе ве интересира да слушнете што мисли психолог за тоа.

Клиничкиот психолог Станислав Самбурски истакна за Ru.News24.ru дека таквиот избор може да има последици за детето, вклучително и влијание врз менталното здравје и социјалната адаптација на детето.

Овој експерт вели дека често невообичаените имиња лошо влијаат на самодовербата на најмалите и прават да се чувствуваат инфериорно. Тој исто така додава дека децата можат да станат жртви на насилство од врсници и возрасни, но и дека можат да имаат одредени потешкотии во комуникацијата. Како резултат на тоа, може да се појави и страв од луѓето.

„Покрај тоа, детето можеби ќе треба да им објасни на другите како правилно да го изговорaт нивното име. Сите овие фактори можат да бидат оптоварувачки не само за психата на детето, туку и за родителите“, вели психологот Самбурски.

Тој истакна дека децата кои имаат многу необично име често се одлучуваат да го променат во нешто поедноставно, почесто кога ќе пораснат.

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma -

loodgieter den haag