САКАТЕ ТУШИРАЊЕ СО ВРЕЛА ВОДА? Оваа навика може многу да ви наштети

popara6 февруари, 20241min00
98d0d34e6832fe34eefaf2107d9e8de418553cf8

Докторот Махиар Мадахали, кој ги едуцира своите следбеници на TikTok за различни здравствени проблеми преку своите видеа, објави видео со повеќе од 10.000 прегледи каде објаснува дека премногу топла вода всушност е лоша за нашето здравје.

– Има четири последици кои се јавуваат по користење на претерано топла вода – изјави д-р Мадахали.

Топлата вода доведува до сушење на кожата

– На површината на кожата има природни масла кои ја одржуваат влажна. Топлата вода може целосно да ги измие, па може да дојде до сувост – рече тој.

Туширањето или капењето во топла вода исто така може да ги прошири крвните садови и на тој начин да го зголеми црвенилото и иритацијата на кожата.

Водата која е премногу топла може да ја оштети кожата и да предизвика несвестица

– Ако предолго се туширате со топла вода, тоа може да доведе до нагло опаѓање на крвниот притисок, а потоа и до несвестица – предупреди овој васкуларен хирург.

@itsdrmax

#medicine #medical #medtok #boiling #hotshowers #shower

♬ Artificial Intelligence – Melodality

Топлата вода го нарушува имунолошкиот систем

Овој хирург предупредил и дека прекумерната употреба на топла вода доведува до можно нарушување на имунолошкиот систем. Иако топлата вода сама по себе не е лоша за нашиот систем, од клучно значење е да ја користиме одговорно за да избегнеме изгореници, дехидрација и прекумерен стрес на телото.

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma -

loodgieter den haag