Салатата со макарони и пилешко која се прави многу лесно.
Состојки:
200 гр макарони
180 гр кисела павлака
180 гр јогурт
сол по вкус
70 гр сирење
70 гр фета сирење
200 гр пилешко бело месо
2 јајца
2 кисели краставички
100 гр салама
За декорација:
кисели краставички, сирење и варени јајца по потреба
Подготовка:
Сварете ги макароните според упатството на пакувањето, исцедете ги и оставете ги да се оладат. Јајцата сварете ги и кога ќе се оладат, излупете ги, па исецкајте ги. Во макаронитедодајте ги павлаката, јогуртот и зачините. Ставете ги пилешкото, јајцата и ситно сецкани кисели краставици. Мешајте се добро да се соедини. Пред сервирање добро да се олади.