Иако многумина ја сметаа Саманта Џонс за „душата“ на серијата „Сексот и градот“, продолжението сепак не го донесе нејзиниот лик.
Но, актерката Ким Катрал конечно даде одговор на прашањето дали се враќа како славната Саманта.
Ким се откажа од снимањето на продолжението на серијата, а сето тоа поради конфликтот со Сара Џесика Паркер, наводно поради неправедна распределба на хонорарите.
За нивното несогласување се пишуваше со години, а Ким дури еднаш ја нарече „лицемерка“ откако Сара изрази сочувство за смртта на братот на актерката.
Прекрасната продукциска куќа HBO понуди огромна сума пари за Катрал да се согласи да сними само еден кадар во новото продолжение „И баш така…“ во кое телефонски разговара со Сара, но одвоено од колешките.
Обожавателите се надеваа дека можеби е на пат да дојде до помирување, а еве што Ким имаше да каже на оваа тема.
– Љубезно е од тебе што сакате да се вратам, но јас не се враќам. Ова е до каде ќе одам. Никогаш нема целосно да се збогувам со ликот на Саманта, таа ми даде толку многу и многу ја ценам.“, изјавила Ким, а пренесува „Еонлајн“.