Самите ја шират лагата за сопствениот развод: Канје Вест и Бјанка користеа евтини трикови за да останат во центарот на вниманието

popara11 октомври, 20241min00
Screenshot_6

Неодамна се појавија гласини дека раперот Канје Вест се разведува од сопругата Бјанка Ценсори. Двојката веќе некое време не била видена заедно, а додека тој патувал во Јапонија, таа го поминувала времето со семејството во Австралија. Сепак, набрзо ги замолчија сите гласини откако деновиве заедно се појавија во трговски центар во Токио.

 

 

 

 

Нивното ново појавување потврди дека тие сè уште се заедно, што ги разочара блиските на парот, особено родителите на Бјанка. Како што пишува „Дејли мејл“, нејзините родители се чувствуваат како нивната ќерка да ги „излажала“, а и верувале дека конечно ќе го напушти раперот. Таа, наводно, им кажала дека раскинале, но само неколку часа подоцна потврдила дека сè уште е во врска со него со тоа што јавно разменила нежности со Вест. Поради ова нејзиното семејство е збунето.

 

„Нејзините родители се шокирани од она што го гледаат – тие се чувствуваат изневерени затоа што Бјанка им кажала дека е подготвена да замине. Тие не можат да разберат што се случува и се чувствуваат како тој да ја контролира”, рекол извор за „Дејли мејл“.

 

Извори блиски до архитектката велат дека таа веќе некое време им кажувала на своите роднини дека е подготвена да го напушти раперот, додека тој рекол дека сака да биде на слобода. Сепак, рекла и дека секогаш имало шанси да се помират.

 

Родителите на Бјанка сега се уште позагрижени за неа и за нивото на контрола што наводно Канје го има врз неа.

 

„Нејзината сестра помина извесно време со неа во Лос Анџелес и виде колку е нефункционален нејзиниот брак. Кога Бјанка се врати дома, им кажа на сите дека не може повеќе да издржи, а потоа одеднаш се врати во Јапонија и го обожава Канје. Нејзината приказна постојано се менува и никој не знае што ќе излезе следно. Ако Канје може да има толкава контрола над неа за таа да престане да биде искрена со семејството и пријателите, тоа е страшно“, додал изворот.

 

Веста за нивниот развод и смирување се прошири во рок од еден ден, а многумина веруваат дека тие самите ги рашириле гласините.

 

„Кание и Бјанка беа одговорни за објавувањето на вестите затоа што и двајцата им кажаа на луѓето. Таа им кажа на пријателите во Австралија, а тој им кажа на сите што ќе слушаат“, изјавил претходно извор.

 

Тие наведуваат дека двојката само сакала внимание за успешно да го промовира новиот албум на раперот.

 

„Тие знаеја дека ако го сторат тоа, тоа ќе создаде бучава и ќе ги направи релевантни додека тој се обидува да го промовира својот нов албум. И двајцата знаат дека на луѓето им е доста од нив и дека нејзините голи облеки не се доволни за да ги задржат луѓето заинтересирани. Сите ја видел гола и веќе нема ништо за чудење“, додале упатените.

 

Да потсетиме, Канје и Бјанка се венчаа во 2022 година, набргу откако тој го финализираше разводот со реалити ѕвездата Ким Кардашијан.

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma -

loodgieter den haag