Бела Хадид е една од најпознатите модели кои сè уште се во индустријата. Покрај ваквиот успех, Бела до неодамна ја држеше и позицијата на најубава жена на светот во „тесна“ трка со Зендаја.
Но, иако Ања Тејлор Џој со речиси совршени пропорции на лицето ја собори од „тронот“, така да се каже, оваа манекенка не престанува одлично да си ја врши работата.
Бидејќи дизајнерите се таму за да ги следат трендовите и да направат свои варијации на истите, моделите се таму за да ги претстават на најдобар начин. Бела како најмлада сестра Хадид на 27 години е на самиот врв во светот на моделството.
Повторно го покажа на забавата на нејзиниот нов бренд на парфеми „Orabella“, кога гордо дојде да го промовира новиот мирис и убаво да се забавува. Целата кампања имаше мистична нота, па дури може да се каже самовилска. Така, се беше во бајковит стил, промовирано со многу цвеќиња и фустани кои исто така изгледаат како од нечија фантазија.
Таа како од сон се прошета пред камерите на фотографите и се покажа во фустан по кој моментално светот е „полуден“. Овие двослојни фустани, со тул, кои ја следат линијата на телото и имаат интересен детал, беа мега популарни во 2000-те, а сега повторно владеат.
Со нејзината долга, темна коса, која ја остави во големи бранови, одлично се совпаѓаше тесен фустан, боја на лаванда, со бледи цветови сошиени на неколку места. Самиот тул „танцуваше“ додека таа чекореше во сандали кои исто така го следат самовилскиот стил. Каишите на нив се украсени со листови.