Познато е дека многу жени во текот на сексуалниот чин повремено глумат оргазам. Се разбира дека со тоа не се постигнува ништо, особено не на долги патеки. Партнерот на тој начин не може да знае дека не ја задоволил партнерката, па со самото тоа ни следниот пат нема да биде нешто подобро.
Статистиката покажува дека околу 30% од жените немаат проблем редовно да доживеат оргазам. Од друга страна, останатите 70% го доживуваат доста поретко, односно на секој петти сексуален однос.
Дури 15% од жените никогаш не доживеале оргазам или тоа им се случило еднаш до двапати во животот.
Студиите покажуваат дека над 90% од жените во некој момент одглумиле оргазам, а причина за тоа било да не го повредат партнерот што и не е толку необично бидејќи околу 20% од мажите веруваат дека се толку добри во кревет што нивната партнерка не мора да глуми.
Но, постои една работа на која мажите треба да обрнат внимание. Грчењето на вагиналните мускули е најчестиот знак на оргазам, а покрај тоа е можна појава и во грчеви во нозете.
Кај засилен интензитет на стимулација во кој дишењето станува потешко, а воздишките погласни, по оргазмот на жената ќе биде потребно малку време за да си дојде на себе. Многу жени по оргазмот поцрвенуваат во делот кај градите над дојките и околу вратот, поради налетот на хормони.
Но, фактот дека жената одглумила оргазам не значи дека не уживала во самиот сексуален чин. Истражувањата покажуваат дека кај жените најголемата активност во центрите за уживање во мозокот е во текот на сексот, односно на патот до оргазам. Непосредно пред самиот оргазам активноста нагло опаѓа.
Од друга страна, кај мажите активноста во тие делови е најголема токму за време на самата ејакулација.