Купената облека, без разлика дали сме ја купиле во продавница за втора употреба или на друго место, мора да се испере пред првото носење.
Експертите посочуваат дека без исклучок прво треба да се испере новата облека, а потоа да се носи. Но, во случај на половна облека, само перењето не е доволно.
– Сосема новата облека може да содржи одредени потенцијални надразнувачи, како што се синтетички бои или дури и конзерванси за да ја одржуваат облеката како испеглана за време на испораката. Доколку содржат алергени кои предизвикуваат чувствителност на вашата кожа, овие хемикалии ќе се најдат на вашата кожа, а потоа може да доведат до она што се нарекува контактен дерматитис – вели дерматологот Азадех Ширази, пренесува Mind Body Green.
Иако алиштата во продавниците за половни производи поминуваат низ цел циклус на перење пред да се пуштат во продажба, поради тоа што се пробува и долго време се во продавница, исто така треба да се исперат.
Но, мајсторите на фенг шуи истакнуваат дека енергијата на претходниот сопственик останува на неа. За да се ослободите од оваа енергија, треба да додадете неколку лажици морска сол во водата за перење или пред перење. Солта содржи кристали кои апсорбираат енергија. Друг начин да се ослободите од насобраната енергија е да ја оставите облеката на сонце. Сончевата светлина е еднаква на јанг енергија која ги потиснува лошите и застарени вибрации.
Интересно е што, според некои принципи на фенг шуи, половните работи и оние што веќе му припаѓале на некој друг не мора секогаш да носат негативна енергија.
На пример, стариот мебел во овој поглед се смета за подобар од новиот. Се верува дека се потребни неколку години за сите хемикалии што се користат во производството на различни видови мебел да се изветреат.
Покрај тоа, важно е каква енергија предизвикуваат овие работи кај вас. Ако чувствувате тага, вознемиреност или некоја друга лоша емоција, не ги чувајте во вашиот дом.