Само со неа може да биде тоа што е: Бен Афлек го помина празникот со друга, додека Џенифер Лопез славеше сама

popara2 декември, 20241min00
Screenshot_4

Бен Афлек често е мрзлив и нерасположен во јавноста, но овојпат ги изненади сите свои обожаватели. Имено, тој е фотографиран насмеан и одлично расположен во друштво на поранешната сопруга Џенифер Гарнер и нивните три деца Вајолет (18), Серафина (15) и Семјуел (12).

 

 

 

 

По повод Денот на благодарноста, тие заедно се вклучија во хуманитарна акција и волонтираа во Полноќната мисија во Лос Анџелес, служејќи им топли оброци на повеќе од две илјади бездомници. Бен и Џенифер, познати по пријателските односи и по разводот, се снимени како насмеано разговараат и им помагаат на оние кои имаат потреба. Позираа и заедно, носејќи исти престилки.

 

 

Инаку, Бен Афлек со години учествува во вакви хуманитарни акции. „Моќна работа е да се поврзете со луѓе. Добивам многу од тоа што им давам само малку време на оние на кои им треба“, изјави тој еднаш за People.

https://x.com/MailOnline/status/1862275069042405386?ref_src=twsrc%5Etfw%7Ctwcamp%5Etweetembed%7Ctwterm%5E1862275069042405386%7Ctwgr%5Eaff047763dcc7e723061f98058e7e0035e0615bb%7Ctwcon%5Es1_&ref_url=https%3A%2F%2Fnajzena.alo.rs%2Fpoznati%2Fvesti%2F109806%2Fben-aflek-proveo-praznik-sa-dzenifer-garner%2Fvest

 

„Лесно е да ги спуштиш рацете и да кажеш дека не можеш ништо. Но, има луѓе кои сакаат да си го подобрат животот, на кои им е тешко и на кои им е потребна помош“, додаде тој, пренесува.

 

Да потсетиме дека Гарнер и Афлек беа во брак од 2005 до 2018 година, а потоа останаа во одлични односи поради нивните деца и често беа видени во јавноста заедно. Бен беше во врска со актерката Ана де Армас, а во 2022 година се ожени со Џенифер Лопез, но нивниот брак заврши оваа година. Џенифер Гарнер денес е во врска со претприемачот Џон Милер.

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma -

loodgieter den haag