Во раката има посебна тетива која 10 до 15 проценти од луѓето ја изгубиле преку еволуцијата и тоа е можеби најдобриот доказ дека сè уште се развиваме.
Оваа тетива е поврзана со мускул кој првенствено го користеле мајмуните кои се качуваат по дрвја за полесно да се движат од гранка на гранка.
На луѓето веќе не им треба таа тетива, па полека почнавме да ја губиме.
Ако го немате овој мускул, вие сте меѓу 10 до 15 проценти од луѓето на Земјата кои се родени без оваа тетива на едната или двете раце. Но, не грижете се, тоа не влијае на силата на вашата рака.
Mišić. pic.twitter.com/WKZugmbwAd
— babura velika (@BaburaVelika) December 25, 2016
Всушност, оваа тетива е толку безначајна што хирурзите често ја отстрануваат и ја користат за реконструктивна или пластична хирургија на други делови од телото.
Можеби звучи малку чудно, но човечкото тело е музеј полн со антички реликвии кои никому веќе не му требаат. Од некои заби до фактот дека некои можат да ги движат ушите, овие работи го одразуваат она што им било потребно на нашите животински предци за да преживеат.
Денес, овие еволутивни остатоци често се претвораат во забавен трик. Ако луѓето порано мавтале со ушите за подобро да го лоцираат изворот на звукот, како зајци, газели и мачки, денес тоа го прават за да предизвикаат насмевка на лицата на нивните пријатели.