Јаткастите плодови генерално можат да го намалат ризикот од згрутчување на крвта.
Бадемите постојат уште од античко време и се сметаат за еден од најздравите јаткасти плодови (и храна воопшто). И оправдано во 20 бадеми ќе најдете околу 163 калории, што е прифатливо за една ужина. Покрај тоа, ќе најдете 12 грама главно незаситени масти, 3 грама влакна и помалку од грам шеќер.
Еве што можете да очекувате ако јадете 20 бадеми дневно.
Подобро варење
Оваа количина бадеми на дневна основа е одлична за варење. Не само што ја подобрува цревната микрофлора, туку и го зголемува бројот на добри бактерии и го намалува бројот на лоши бактерии, кои се поврзани со голем број проблеми како што се дијабетес тип 2, срцеви заболувања, ментални проблеми, астма, проблеми со кожата, па дури и рак.
Ситост
Кога ќе добиете желба за слатко, посегнете по бадемите. Ќе ве заситат, а и ќе ве спречат од прејадување, најмногу навечер Ситоста доаѓа од протеините, влакната и мастите со кои се богати бадемите. Експертите велат дека трикот е да ги џвакате подолго, наместо да ги јадете за неколку секунди.
Внес на витамини
Рибофлавинот е важна хранлива состојка за која се смета дека помага во спречување на бројни здравствени проблеми, вклучувајќи мигрена, акни, грчеви во мускулите, синдром на карпален тунел, рак на грлото на матката. Конзумирањето 20 бадеми дневно ќе ви даде околу 1/5 од препорачаната дневна количина (остатокот можете да го добиете од свинско месо, јајца, банани, авокадо, млеко и спанаќ).
Витаминот Е е антиоксиданс кој може да го подобри здравјето на срцето и да го поддржи имунолошкиот систем, а да не зборуваме за мазна кожа и сјајна коса. Само 20 бадеми обезбедуваат речиси половина од вашата дневна препорачана доза за витамин Е. Други одлични извори на витамин Е вклучуваат морска храна, овошје (киви, манго, капини, кајсии и авокадо) и зеленчук како брокула, црвени пиперки, спанаќ и аспарагус.
Побрз метаболизам
Бадемите исто така содржат мали количини на витамини од б-комплексот кои го поттикнуваат метаболизмот.
Здраво срце
Бадемите помагаат во намалување на ЛДЛ, лошиот холестерол што може да доведе до таложење на наслаги во крвните садови. Тие се исто така поврзани со намалување на хроничното воспаление, кое е главен придонесувач за срцеви заболувања.
Јаткастите плодови генерално можат да го намалат ризикот од згрутчување на крвта, што може да предизвика смртоносен срцев удар. Состојките на бадемите кои се одлични за срцето вклучуваат незаситени масти, омега-3 масни киселини, влакна, витамини.