Од малите екрани, ѕвездата на „Сексот и градот“ се пресели на сцената.Таа настапува со својот сопруг Метју Бродерик во претставата „Plaza Suite“, по што трпеливо им потпишуваше автограми на обожавателите по настапот во Лондон.
Со лежерна и топла комбинација, 58-годишната Сара Џесика Паркер истакна чанта за на рамо во маслинесто зелена боја, која последниве месеци се покажа како нејзин омилен избор со лежерни комбинации.
Станува збор за модел од нејзината колекција создадена во соработка со Samsonite, а чантата моментално е распродадена, што не е чудно бидејќи најлонските модели неодамна станаа нов хит.